Познатиот италијански производител на спортски автомобили, Ламборгини, го претставил својот нов модел Gallardo LP560-4. Еден таков примерок се пронашол во рацете на полицјата.
Цената? Ни повеќе ни помалку, туку само 200.000 долари.
Максималната брзина која може да ја постигне овој супер-спортски автомобил изнесува 310 км/час.
Неговата внатрешност е специјално прилагодена за полициски потреби. Под хаубата се наоѓа V10 мотор со зафатнина од 5,2 литри, а неговата висина изнесува нешто помалку од еден метар.
Кримоси, сега каде ќе бегате?